Владата ќе му додели еднократна парична помош од пет илјади евра на семејството Зулбеари од Тетово

Поттикната од трагичниот настан во тетовската населба Поток, во кој семејството Зулбеари во пожар ги загуби мајката и четирите малолетни деца, што длабоко ја потресе целата македонска јавност, Владата на Република Македонија денеска, ја свика 51-та седница и донесе заклучок за доделување на еднократна парична помош.

Покрај паричната помош во висина од 300 илјади денари за семејството Зулбеари, на седницата е договорено владина делегација да го посети семејството и непосредно да го изрази длабокото сочувство за оваа трагедија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e