Владата ќе ги одржи 85-та и 86-та седница, ова е дневниот ред

Информации за склучувањето договори за инфраструктурни проекти од ТАВ-програмата со 23 општини ќе бидат разгледани на тематската 85-та седница на Владата закажана за 11.45 часот.

По нејзиното завршување, Владата ќе ја почне и 86-тата седница на која меѓу точките на дневниот ред ќе бидат повеќе мерки и информации кои се однесуваат на младинската политика која, како што наведува владината прес-служба, е меѓу приоритетите за проектирање на иднината на младите.

– На седницата, министрите ќе ги разгледаат Предлог-програмата за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2021 година, Информацијата за формирање на Национално советодавно тело за младински политики и повеќе информации за текот и изградбата или реконструкциите на спортски објекти, поднесени од Агенцијата за млади и спорт, соопшти владината прес-служба која ќе соопшти за заклуќоците и одлуките што ќе бидат донесени на двете денешни седници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e