На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата ја усвои Програмата за капитални трансфери за невладини организации во областа на земјоделството и руралниот развој.
Со оваа програма ќе се реализраат активности за поддршка на невладини организации со цел подобра имплементација на Програмите во областа на земјоделството и руралниот развој, преку разни активности за подобрување на човечките капацитети во земјоделството и руралниот развој, како и дисеминација на информации и знаење за овие програми. Средствата од оваа програма ќе се користат за субвенции за апликативни проекти кои имаат за цел, поддршка во процесот на земјоделско производство; подобрување на човечки ресурси во земјоделството и руралниот развој, како и пренос на знаење за подобра искористеност на програмите во областа на земјоделството и рураалниот развој.
Владата денеска ја усвои Програмата за изменување на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2017 година, со која ќе се обезбедат средства за поддршка на мерката „Млад земјоделец“.