Владата излезе со реален план за намалување на невработеноста

Невработеноста во државата се спушти на 19,4%, што е најниско ниво на невработенот до сега или некаде 185000 невработени лица од кои активни баратели на работа се 105000 лица додека останатите или не бараат работа или пак се можеби надвор од државата.

Од овие 105000 активни баратели на работа дури 50% се со основно образование или без образование и токму со овие категории на луѓе  треба најмногу да се работи со цел тие да најдат соодветно вработување.

Во синоќешното интервју вицепремиерот Кочо Анѓушев  кажа дека Владата направила истражување во кое биле вклучени 3140 компании од Македонија кои имале над 7 вработени. Резултатот од истражувањето покажало дека од овие 3140 компании, 1883 комапнии во 2019 година планираат да вработат нови луѓе или вкупно 18463 нови вработени.

Истото истражување покажало и дека овие нови вработувања би биле од струки кои неможат да се најдат кај оваа група на граѓани и според Анѓушев тука е проблемот кој треба да се реши со цел надминување на оваа состојба.

Владата вели дека единствен начин овие луѓе да се вработат е да се преквалификуваат согласно потребите на компаниите и предлагаат во првите шест месеци компаниите да ги земат овие луѓе и да ги обучат согласно нивните потреби. Со оглед на тоа дека компаниите на почетокот не би имале никаква корист од овие луѓе, Владата е спремна во првите шест месеци, онолку колку што е проценката дека овие луѓе би се обучиле,  да ја покрива нивната плата.

Компаниите кои ќе ја користат оваа мерка после тоа ќе бидат обврзани да го вработат и да сами да го плаќаат тој работник.

Оваа мерка ќе биде и стимул да не се бараат веќе вработени туку да се ангажираат невработени лица.

Истражувањето покажало дека најбарани струки кај овие компании се машински инжинер, градежен инжинер, програмер, електротехничар, пекар, слаткар, шивач, келнер, готвач, заварувач, бравар, возач, чевлар, возач на товарно возило, автомеханичар и оператор на ЦМЦ машина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e