Кабинетот на Вицепремиерот задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, ги разгледува и постапува по сите пристигнати иницијативи од Државната комисија за спречување на корупција.
На денешната владина седница по доставена иницијатива од ДКСК, а разгледана и постапено од страна на кабинетот на вицепремиерот Николовски, Владата донесе одлука за разрешување на службеното лице Ристо Чулаковски ,член на Управниот одбор – преставник на основачот на Државниот студентски дом „Кочо Рацин”, Битола. Чулаковски е разрешен поради постоење на судир на интереси.
„На мое барање, Владата на денешната седница донесе одлука за разрешување на Ристо Чулаковски од позицијата член на Управниот одбор, преставник на основачот на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“, Битола.
Чулаковски е разрешен поради постоење на судир на интереси, по иницијатива којашто до мојот Кабинет пристигна од страна на Државната комисија за спречување на корупција.“ – рече Николовски.
„Ги разгледуваме и постапуваме по сите пристигнати иницијативи од Државната комисија за спречување корупција, како важна независна институција во откривањето и спречувањето корупција.“ – посочи вицепремиерот.
-Од формирањето на новата Влада, секоја пристигната иницијатива од ДКСК до Владата, внимателно и детално се разгледува и се постапува по истите. Борбата против корупцијата и криминалот, е меѓу клучните приоритети во владинта рамка „Акција 21 – европски стандарди дома”, поточно втор по ред приоритет за оваа 2021 година, и во целиот процес е најважна соработката со сите надлежните антикорупциски институции, со независните тела, невладиниот сектор, бизнис заедницата. Владата покажува комлетна насоченост и почитување кон сите независни тела во државата, а пред се кон Државната комисија за спречување корупција, како една од клучните институции во откривањето и спречувањето корупција. – посочуваат надлежните.