На денешната седница, Владата го разреши директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Донев.Како причина е наведено “несовесно и невнимателно работење”.
Донев беше на вистинкска мета во јавноста откако леташе со бизнис класа на службено патување во Аргентина, со авионски билет кој што Буџетот го чинеше 4 илјади евра.
Тој потоа се извини и рече дека ќе ги врати парите или ќе ги донира, но се уште нема информации дали тоа го сторил.