Владата ги усвои програмите за финансиска поддршка на земјоделството и на руралниот развој за 2018 година

Денеска, на 50-тата Владина седница, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги предложи, а владата ги усвои програмите за финансиска поддршка на земјоделството и на руралниот развој за 2018 година, како и повеќе други програми од сферата на земјоделието, шумарството и водостопанството.

Исто така, владата ги усвои двете информации на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за давање на согласност за распишување на јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари и над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e