Владата ги демантираше информациите за пропаднати преговори: Остануваме посветена на изнаоѓање квалитетно решение

Владата на Република Македонија останува посветена на изнаоѓање решение кое го штити и зајакнува достоинството и идентитетот на граѓаните на РМ. Шпекулациите во овие сензитивни моменти не можат да придонесат оваа стратешка цел од национален интерес, велат од македонската Влада во врска со шпекулациите пласирани од регионални медиуми.
Најаважно е, како што посочуваат од Владата, да се постигне квалитетно и заемно прифатливо решение кое ќе биде одржливо.

– Изграденото пријателство меѓу двете држави е голем влог за заедничката иднина, а соработката во иднина само ќе се зголемува. Владата на РМ останува силно посветена на остварување на стратешките цели, членството во ЕУ и НАТО, а јасно е дека за нивна реализација неопходно е да се надмине проблемот што Грција го има со нашето уставно име, велат од Владата.

Инаку, синоќа порталот на српскиот весник „Курир“ напиша дека Македонија и Грција не успеале да најдат заедничко решение за спорот околу името, па преговорите пропаднале, бидејќи грчката страна побарала „премногу“, поточно од името целосно да се извади одредницата „Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e