На денешната седница Владата донесе одлука за предлог закон за изменување и дополнување на Законот за Судски совет, заради правните последици што ќе произлезат од предлогот за престанок на важењето на Законот за совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, како и заради укажувањата за неопходноста од законски измени кои на ова тело ќе му наложат поголема и неопходна транспарентност во работата на Судскиот советот, и заради постоечката законска одредба која на кандидатите за судии кои не беа избрани на огласот, им беше ускратено правото на жалба.