Владата ја демантира информацијата што денеска ја објави ТВ21 за скорешна легализација на марихуаната.
Станува збор за дезинформација. Не постојат тековни владини анализи за легализирање на марихуаната за рекреативни цели. Владата останува на почитување на постоечката регулатива со која во земјата е дозволено производство на канабис исклучиво во медицински цели, се вели во реакцијата.
Инаку, ТВ21 објави дека ќе се легализира марихуаната.
Според телевизијата, за почеток легализацијата ќе се спроведува во туристичките места, односно во Охрид и Струга. Телевизијата пишува дека анализите на владата покажале дека легализацијата ќе придонесела за поголем број на туристи и поголем девизен прилив.
