„Владата на вчерашната седница ја прифати предлог-одлуката за формирање Совет за управување со јавни финансии на предлог на Министерство за финансии, имајќи предвид дека овој совет е клучно тело од структурата за управување, координација, следење и известување за спроведувањето на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии“, стои во соопштението од владината служба за информирање.