Тринаесет посебни советници, десет советници и 33 надворешни соработници има премиерот Зоран Заев ангажирано во својот кабинет. Ова e одговор од Владата што го доби Радио Слободна Европа на прашањата колку вкупно советници и надворешни советници има ангажирано премиерот Заев.
Најбројни се надворешните соработници за кои како што пишуваат од Владата “не предвидува објавување на оглас бидејќи не станува збор за вработување туку ангажман со времен рок”. Во списокот кој го доставија покрај последното назначување на Џезаир Шаќири за соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, се и имињата на поранешниот министер во неколку влади Фатмир Бесими кој е надворешен соработник за економски прашања и координација за економски раст,потоа Драгиша Милетиќ кој е надворешен соработник за меѓуетнички односи и соработка меѓу заедниците, Миле Зечевиќ, кој е надворешен соработник за адвокатски услуги, Мирослав Грчев, надворешен соработник за просторно и урбанистичко планирање и градежништво.
Премиерот има надворешни соработници и за специфични области како Филип Андов кој е соработник за креирање политики од посебен интерес за граѓаните на Град Скопје, потоа Горан Николовски, надворешен соработник за политичко економски состојби во регионот на земјите од Голфскиот залив, или Силвио Аврамовски – Надворешен соработник за економски Прашања и Зајакнување на економската соработка со земјите од Кавказ и Блиски Исток.
Целата листа на советници можете да ја погледнете на следниот ЛИНК на РСЕ.