Избеганиот Никола Груевски е во Унгарија каде што побара азил, а таму стигнал преку Црна Гора. Територијата на Црна Гора ја напуштил истиот ден преку граничниот премин Добраково, во 22.16 часот. Во Србија влегол со автомобил со регистарски ознаки 55А05 во кој се наоѓале Часар Јозеф Золтан и Фелеѓази Шаба, и двајцата носители на унгарски дипломатски пасоши, пишува подгорички „Вјести“, цитирајќи извори од Управата на полицијата.
На официјалната интернет страница на унгарската амбасада во Подгорица стои дека Золтан е заменик амбасадор во Црна Гора, а Шаба е конзул.
Весникот потсетува дека на македонските државјани за влез во Црна Гора и Србија им е потребна само лична карта. Во моментот кога Груевски влегов во Црна Гора по него во Македонија не беше распишана меѓународна потерница
