Видевски, осуден за убиствата на Вања и Панче во критична состојба хоспитализиран на клиниката за Нефрологија

Боре Видевски, еден од четворицата кои добија првостепена доживотна затворска казна за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес е хоспитализиран, дознава и пренесува Инфомакс.

Според нашите извори, Видевски бил хоспитализиран вчера вечерта на клиниката за Нефрологија и се наоѓа во критична состојба.

Инаку, за утре е закажана јавна седница по жалбата на одбраната за доживотните затворски казни кои ги донесе Кривичниот суд, но истата најверојатно ќе биде одложена поради хоспитализирањето и критичната состојба на Видевски.

Инаку каратистот Видевски кој беше обвинет е за директно учество во здружување, грабнување и убиство, на судењето негираше вина.

Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа грабнати па убиени во ноември 2023 година, а Кривичниот суд ги осуди Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, додека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски кој беше меѓу обвинетите, доби ослободителна пресуда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e