(ВИДЕО) Зиков во Студио 1: Откупот на стаж е добра мерка за решавање на проблемот со јавната администрација

Гостин во Отвореното Студио 1 беше Љупчо Зиков основач и еден од сопствениците на „Капитал“, кој во разговор со Сашо Ордановски дискутираше на актуелни политички и бизнис теми.

Денес имаше убава вест за сите печатени медиуми, Владата излезе со одлука да додели финансиска помош за сите печатени медиуми по одредени критериуми, а попладнево ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение дека се сомневаат дела ова е купување на медиумите од власта. Имате ли таков впечаток?

„Во суштина тој проект е за да конкурираат сите весници, да весниците постојат минимум 3 години и притоа не стои каква уредувачка политика ќе водат. Владата побара асоцијацијата на печатени медиуми да изготви предлог проект како да се направи тој конкурс, во таа наша подготовка во рамките на асоцијацијата консултиравме закони од Европа. Тоа што го направивме е прв ваков проект на Балканот, но не и во Европа, каде има држави со долга традиција за помагање на печатените медиуми кои се на удар на новите технологии“.

По решавање на проблемот со името, периодов пред нас е круцијален за спроведување на неопходни реформи, период на вистинска работа, но Зиков го истакна својот сомнеж во однос на капацитетите со кои располага Владата за спроведуавње на реформите.

„Во овој момент гледано што не чека ќе ја изразам мојата резерва, од едноставна причина што 30 години политички елити во Македонија повеќе се криеја зад проблемот за името, се правеа големи политички приказни дека Македонија додека тоа не го реши, не може да оди напред. Ова беше алиби за да се кријат политичките елити. Секое време си носеше свој белег, за сето тоа требаше една завеса, тоа беше проблемот за името. Сега на ред се темите од реалниот живот. Ако ги добиеме преговорите ,следи реформа на катастар, банки, буџет, секојдневието општо, ова се треба да се менува во наредните 5 до 7 години и затоа се неопходно луѓе со капацитет. Ова што денеска го гледаме со чест на исклучоци кога ќе ставиме на кантер во Македонија владее неспремност да се слушнат проблемите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e