(ВИДЕО) Заев: Започнува изградбата на најголем инфраструктурен зафат во последните 50 години

Денеска премиерот Заев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски го означија почетокот на изградбата на браната ХС Конско, најголемиот инфраструктурен зафат во овој регион во последните 50 години.

37516368_10156731464842932_1192194118625787904_o

Република Македонија преку Владата и надлежните министерства вложува во нови капитални инвестиции и проекти коишто директно ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Хидросистемот „Конско“ за граѓаните на општина Гевгелија ќе значи реализирање на нивната долгогодишна потреба и желба од навремено снабдување со чиста и здрава вода за пиење, вода за наводнување која ќе дојде до нивите и плодните земјоделски површини, плантажите и фармите, но ќе биде и вода за дотур која ќе значи и спас за нашето убаво Дојранско Езеро.

37598952_2203713769850150_5013290375708672000_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e