(ВИДЕО) Заев: Снимката од „Јутјуб“ да биде објавена цела зашто ми е важен образот

Носител сум на висока функција и убеден сум во мојата невиност, рече претседателот на Владата, Зоран Заев, по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Поткуп“. „Сакам снимката да биде јавно обелоденета со деловите каде што е пресечена“, истакна Заев и додаде дека му е важно да го зачува образот.

Судењето за предметот „Поткуп“ е одложено за 29 јануари следната година бидејќи предметот не е пристигнат од Апелацискиот суд кој сè уште не одлучил за жалбата за ПИ-мерките во овој случај.

Според обвинителството, Заев, во својство на службено лице, градоначалник на Струмица, од струмички бизнисмен побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое бизнисменот бил заинтересиран да го приватизира. Во обвинението пишува дека една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

Заев, пак, тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и поднесе кривична пријава против бизнисменот, но до денеска од неа нема ништо.

Извор: Макфакс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e