(ВИДЕО) Заев: Следува инвестициски циклус од околу 5 милијарди евра

Премиерот Зоран Заев, во видео обраќање на фејсбук, најави дека следува инвестициски циклус од 5 милијарди евра.

“Економијата ќе продолжи со забрзан и одржлив развој. Следува инвестициски циклус во наредните години од околу 5 милијарди евра. Проектирани се 1 милијарда во патишта, над 1 милијарда во железница, 1 милијарда во енергетика, нов Клинички центар, инвестиции во земјоделството и руралниот развој, нови пречистителни станици, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки и други проекти за реални потреби на луѓето. Создадовме реална економија, економија базирана на реалниот бизнис, направивме се за да ја тргнеме политиката од бизнисот и еве ги резултатите, видливи се и доаѓаат уште поголеми” – стои во видео обраќањето на Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e