(ВИДЕО) Заев од Штип: “Можеме” е македонски модел за раст на платите, грижа за сите и напредок на државата

На денешната централна прес-конференција претседателот на СДСМ Зоран Заев, заедно со генералниот секретар, Љупчо Николовски и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче, ја презентираа програмата за претстојните парламентарни избори.

Направивме пресврт на подобро, изјави претседателот на СДСМ и носителот на ИЕ 4, Зоран Заев.

„Покажавме дека знаеме и можеме да работиме чесно, одговорно и во интерес на граѓаните.

Направивме многу но МОЖЕМЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ, МОЖЕМЕ УШТЕ ПОДОБРО.

Денес, се обврзуваме на нови цели, пред граѓаните и пред себеси, бидејќи знаеме и умееме.

Денес, го имаме ова решение за сите граѓани, решенија за иднината.

Ова е чесен, домаќински и одговорен пристап, препознаен, автентичен, македонски модел за напредок и на граѓаните и на државата.

Ова е нашата визија, нашиот ЈАСЕН ПЛАН ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА во наредните 4 години:

Стабилна држава со нова, развојна македонска економија,

Држава со европски здравствен систем посветен на потребите на граѓаните

Држава која се грижи за сите
Држава која е правна и праведна
Тоа е зелена, еколошка држава
Европска држава, членка на НАТО“, истакна Заев.

Тој нагласи дека СДСМ е посветена на развој на домашната македонска економија, на инвестиции во инфраструктурата, на продолжување на интегративниот процес во ЕУ, на грижа за ранливите категории, на обезбедување здрава животна средина, заштита на здравјето на граѓаните и загарантирана правда за сите.

„Ова се столбовите на кои е изградена оваа наша Програма. Чесна, одговорна и достојна понуда за граѓаните.

Градиме држава со нова, развојна македонска економија заснована на нови технологии, оддржливост и човечки капитал. Модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и пензии и подобри работни места.

Во таква економија создаваме услови платите да растат уште повеќе. Просечната плата до крајот на мандатот да порасне до 30 отсто, а минималната до 40 отсто. Модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генереира повисоки плати и пензии и подобри работни места. Во таква економија создаваме услови платите да растат уште повеќе. Просечната плата до крајот на мандатот да порасне до 30%, а минимилната до 40%. Со тоа до крајот на мандатот постигаме просечна плата за вработените ширум целата земја до 34илјади денари. Минималната плата која што беше во 2016 за времето на Мицковски и Груевски 9 илијади денари, ќе ја зголемиме за 120% односно ќе постигнеме минимална плата од 20 илјади денари. Пензиите ќе ги покачиме согласно порастот на животните трошоци. Најниските пензии ќе бидат покачени за 21% до крајот на следниот мандат.

Се обврзуваме на над една милијарда евра странски инвестиции за 4 години, засновани на иновации, на висок степен на финализација на производи и услуги и оддржување на бизнисите.

За 4 години, 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции.

Тоа ќе донесе намалување на невработеноста на ниво од 3% годишно и едноцифрен број на невработеност до крајот на мандатот.

За една економија да се развива и расте, потребни се и сериозни инвестиции во инфраструктурата за подобро и поефикасно поврзување внатре и надвор.

Затоа уште повеќе ќе инвестираме во патиштата за уште подобро да бидеме поврзани.

Во новиот мандат градиме експресни патишта во должина од 300 километри и локални патишта во должина од 950 километри и продолжуваме со сериозни инвестиции во гасификација.

Нашата програма нуди решенија и за земјоделството како една од најважните стопански гранки, но и за здравството, како основа на се во овој период на светска пандемија“, посочи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e