Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во Вашингтон оствари средба со Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс.
Премиерот Заев, придружуван од Заменик претседателот за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на средба со Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс, и со членовите на неговата делегација, разговараа за актуелни политички прашања од интерес на граѓаните на двете земји.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по средбата, во амбасадата на Република Македонија во Вашингтон одржа брифинг за новинарите што допатуваа за да ја следат оваа средба, како и со медиумските претставници дописници од Република Македонија што известуваат од Вашингтон и САД.
Во ова соопштение ви ја пренесуваме изјавата на Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во целост:
