Премиерот Зоран Заев, во придружба на сопругата и на владината делегација во состав министрите Оливер Спасовски и Роберт Алаѓозовски, во рамките на посетата на Република Италија и на Светата Столица (Ватикан) по повод Манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ учествуваше во заедничките активности за чествување на делото на светите браќа Кирил и Методиј, со делегацијата на Република Бугарија предводена од премиерот Бојко Борисов.
Двете владини делегации предводени од премиерите Заев и Борисов учествуваа на молебенот и на церемонијата на полагање на венец на гробот на Св. Кирил во Базиликата Сан Клементе во Рим.
Извор: Фокус