(ВИДЕО) Заев: Банката бара милионска оштета ако Клинички е на друго место

За новиот Клинички центар постојат две локации-тоа е сегашната и локацијата во Бардовци која е во близина на индустриската зона во Визбегово заради подобар пристап од сите страни. Банката на Советот на Европа не се согласува со втората локација и доколку ја избереме, Македонија треба да и плати 5, 5 милиони евра оштета на Банката, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање. Ова им било кажано на средбата со преставници на Банката на Советот на Европа.

“Доколку се одлучиме да градиме на нова локација, ако ја почнеме сега процедурата камен темелник ќе ставиме за пет години и вредноста ќе се движи од 450 до 500 милиони евра. За тоа време ќе треба да се урне се што е на местото на сегашниот Клинички центар, да се изградат згради и нови објекти за да има внес на пари. Сегашната цена, со овој постоечки договор кој е склучен во време на екс министерот Тодоров изнесува 85 милиони евра“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев објасни дека анализата покажала дека се работи за тендер со законски исправно решение и избор на изведувач кој има банкарска гаранција и бонитет и дека се расчистени сите правни и формални дилеми.

„ Дилемите се расчистени што се однесува до правно-формалните аспекти иако секогаш може да се направи дополнителна истрага. На тендерот нема дилема за постапката за избор на изведувачот. Она што е проблематично е слабата организација на сообраќајот на оваа локација. Генерално дилемата е дали во цела гужва таму треба да се гради Клинички центар. Проблемот е сообраќајното решение кое сега има 330 паркинг места, а потребни се 3700“, изјави премиерот Заев.

Премиерот најави дека со новата организација се предвидени две катни гаражи, едната на Водњанска, под училиштето Кочо Рацин и втората кај МВР. Втората катна гаража која е предвидено да има 2200 паркинг места, може да се гради веднаш, независно од Клиничкиот центар, најави премиерот Заев.

Тој нагласи дека се уште нема избрано надзорен орган кој ќе ја надгледува и следи изградбата, а за новата локација(доколку с е избере) нема градежна дозвола. Заев рече дека се уште немале средба со изведувачот италијанската фирма бидејќи се уште не се знае дали тие ќе го градат Клиничкиот центар. Она што се знае е дека со нив изградбата ќе чини 85 милиони евра, пари кои ќе треба да ги враќаат граѓаните на оваа држава, рече Заев.

Новиот Клинички ќе се гради во пакет со штипската клиничка болница и уште неколку други клиники и целиот проект ќе чини 140 до 150 милиони евра. Дел од овие средства се за опрема и обука на кадар.

Премиерот нагласи дека конечната одлука каде ќе се гради новиот Клинички ценатр ќе биде донесена деновиве. И министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека одлуката за локацијата на новиот Клинички центар ќе биде донесена многу брзо. Тој нагалси дека пред две недели на средбата со претставниците од Банјката им била презентирана целосна анализа, по што останува да се донсе длука за конечното решение.

Извор: НОВА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e