Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил објави видео за тоа како децата треба правилно да ги мијат рацете.
– За нашите најмали! За време на глобална пандемија, еден од најевтините, најлесните и најважните начини за спречување на ширењето на вирусот е рацете често да се мијат со сапун и вода. Одлична видео илустрација. Еве што треба да знаете за правилно миење на рацете, напиша Филипче.