(ВИДЕО) Во синоќешната акција на МВР во Скопје затворени 13 објекти. Еве кои!

Во синоќешната акција на МВР во соработка со УЈП, и пазарната и трудовата инспекција била извршена контрола во вкупно 24 угостителски објекти на подрачјето на Скопје, а затворени се 13 од нив.

Се работи за следните:

1. Гостилница Мал Алтан
2. Кабаре Миднајт – ДПТУ Парламенто
3. Кафе бар Версаче
4. Кафе бар Јари Дупка
5. Кафе бар Конект – Тим Трејд Дооел
6. Кафе бар Ла Лара
7. Кафе бар Снеки бар
8. Ноќен бар Вокс
9. Ноќен клуб Аристократ
10. Ноќен клуб Капан Ан
11. Ноќен клуб Ле Клуб Из Дооел
12. Пивница Темов Доо
13. Ресторан Гиго

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на денешната прес конференција рече дека во осум угостителски објекти било евидентирано присуство на малолетни лица, а приведени се четири малолетници, двајца за користење наркотични средства, а двајца за утврдување на идентитет.

– Поради утврдени неправилности, затворени се 13 угостителски објекти, а на едукација се повикани пет сопственици на угостителски објекти. Министерството за внатрешни работи во соработка со другите институции ќе продолжи со ваквите контроли и во наредниот период. Нема да биде толерирано никакво непочитување на законите“, рече Ангеловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e