(ВИДЕО) Во Белград ќе биде изложена највкусната и најпознатата македонска традиционална храна

Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“ ќе се одржи во Белград, од утре, 1-ви септември до недела, 4 септември, кој е дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и е под покровителство на владите на Северна Македонија, Србија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.

Учеството на Северна Македонија на настанот за нашата економија значи обезбедување поголем извоз, откуп и нови пласмани и пазари за македонските храна и вина. Истовремено ќе се промовираат туристичките капацитети на земјава и ќе се привлечат нови туристи од регионот и пошироко.

Северна Македонија ќе биде претставена преку 42 винарии и 3 дестилерии , како и 10-тина производители на храна со понуда за дегустација на автентичната македонска кујна.

Дополнително, Северна Македонија ќе биде претставена и на „Македонска вечер“ под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски, на која ќе бидат промовирана македонската економија преку презентација на вина, храна, музика и туризам.

-Нашата македонска кујна е позната по специфичната комбинација на вкусови составена од врвните зеленчуци и билки одгледувани под ова наше поднебје. На саемот за вино, храна и туризам на Отворен Балкан во Белград ќе биде изложена највкусната и најпознатата македонска традиционална храна, порача премиерот Ковачевски споделувајќи промотивно видео од богатствата со кои располага нашата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e