(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ не ги признава изборите, ама не ги враќа градоначалничките мандати

Никола Груевски не ги признава изборите, но неговите градоначлници и советници не ги напуштаат фотелјите. Од ВМРО-ДПМНЕ не гледаат логика да се случи такво нешто бидејќи како што велат само нивните кандидати победиле фер на изборниот масакр кој што и денеска тврдат го организирала власта. Велат нема ништо контрадикторно што не ги признаваат изборите, а функционерите избрани на тие избори, ќе владееат.

И денеска повторија дека имало низа нерегуларности, уцени, закани, аболицијата застрaшувала и се заканувала на симпатизери на партијата. Пуштија неколку снимки кои велат го докажуваат тоа, а ги доставиле и до ОБСЕ и меѓународниот фактор. За изборниот криминал од ВМРО-ДПМНЕ најавувата пријави до ЈО.

„Секој градоначаник и советник од ВМРО-ДПМНЕ е избран од народот. Сегашните се избрани со поткупи насилство. Тие треба да поднесат оставка и имаат корист од оваа лакрдија.“ – изјави Влатко Ѓорчев.

Од партијата на Груевски засега нема информации за нивното идно делување во однос на барањето за парламентрани избори и колку Груевски планира да ги испровоцира, откако Заев му одговори дека во наредниот период фокусот како што рече ќе бидат ставен на реформите. Висок партиски функционер порача дека евентуалното делување надвор од институциите и бојкот на собранието засега не е на маса. Според истиот функционер допрва во партијата треба да се расчистат многу работи, вклучително и одговорноста што ја најави Груевски околу изборниот дебакл настрана од обвинувањата за изборен фалсификат. Од ВМРО-ДПМНЕ дека стојат зад ставот на лидерот.

„Сите стоиме“ – изјави Ѓорчев.

Сепак она што е индикативно е дека синоќа додека Груевски образложувањето зошто изборите се нелегитимни и нелегални, сериозна одлука втората најголема партија во македонскиот блок во салата ги немаше функционерире кои беа ударна тупаница на партијата изминиатиот период. Груевски доби аплауз од Александар Ѓорѓиев, Боби Илиевски, Александар Николовски и Христијан Мицковски, но не и од Никола Тодоров, Никола Поповски, Антонио Милошоски, Илија Димовски кои се само дел од функционерите кои не можеа да се видат на пресот на лидерот. Милошоски не даде отворена поддршка ниту фејсбук профилот каде многу често ги коментира политичките случување, туку само на власта и порача дека има апсолутна одговорност, а и на својата партија дека треба да ја научи лекцијата. Нешто што долгогодишните функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја толкуваат како најава дека допрва во белата палта може да се очекуваат отворање на картите.

Извор: ТВ24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e