Лицемерие на дело, ВМРО-ДПМНЕ пред избори ветуваа дигитални учебници и сеопфатно сексуално образование, а денес се против овие проекти, изјави за медиумите Стефан Васев од СДСМ.
„Наместо да ја манипулираат јавноста, наместо да блокираат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да излезат и да одговорат:
Кога ги лажеа граѓаните? Кога ги ветуваа овие проекти пред избори или денес кога по секоја цена ја блокираат нивната реализација?
Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше образованието, ги манипулираше наставниците и професорите, а нашите ученици беа со најслаби резултати на меѓународни тестирања.
Денес, кога се воведува нов, модерен и европски концепт на настава, ВМРО-ДПМНЕ блокира, протестира, се затскрива зад наводни граѓански иницијативи со цел реформите во образованието да не бидат донесени.
Ова е на директна штета на наставниците, на учениците и нивните родители, на штета на образованието во нашата држава, затоа ВМРО-ДПМНЕ одново ќе биде казнета од граѓаните“, истакна Васев.
