Од видеото објавено на социјалните мрежи, Христијан Мицкоски и дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ се веселат во црква без држење на дистанца и почитување на мерките за заштита од ковид.
-Мицкоски лицемерно бара онлајн настава а навечер во збиени редови се гоштева и ги крши протоколите за заштита од ковид-19.
‼️Мицкоски едно зборува друго прави.
Тоа е истиот Мицкоски кој среде пик на пандемијата одеше во кафани, велат револтирано граѓаните.
За ваква ли грижа за граѓаните за време на здравствена пандемија зборува Мицкоски? Вака ли напикани кластерски ќе ги намалуваме бројките? За овој настан ќе излезе ли утре Наум на прес? pic.twitter.com/ehrAd9WNRS
— Викингшка Кралица (@VikingKralica) January 30, 2022
Интересно е што самиот Мицкоски и неговата партија бараат онлајн настава од први февруари поради растот на заразени од ковид 19 од една страна, а од друга страна тој продолжува да ги крши мерките.
– За ваква ли грижа за граѓаните за време на здравствена пандемија зборува Мицкоски? Вака ли напикани кластерски ќе ги намалуваме бројките? За овој настан ќе излезе ли утре Наум на прес?, е само дел од низата коментари на социјалните мрежи.
Да се расположиме пред почетокот на новото полугодие, затоа што баравме онлајн да спречиме ширење на ковид. Ајде сватче наздрави за нови бројки 🕺🏻🕺🏻🕺🏻🕺🏻🕺🏻💃🏻💃🏻💃🏻💃🏻 pic.twitter.com/KRAPomfxvy
— Војвотката (@vojvotkata2021) January 31, 2022