-Сашо Мијалков, човекот кој беше страв и трепет во државата, чие име со страв се спомнуваше во јавноста, денес се наоѓа во затвор, порача денеска од собраниската говорница пратеникот Миле Талевски.
– Oсуден за криминалот кој го сторил и за злоупотреба на службената позиција. Тоа, е само еден од низата докази за одлучната и бескомпромисна борба со криминалот и доказ за нашата одлучност да обезбедиме правда во државата, рече Талевски.