Во продолжение ви го пренесуваме во целост видеото од „Мегданот“ со кандидатот за Претседател Стево Пендаровски. Тука ќе ги најдете одговорите на прашањата кои беа поставени кон него или кон двајцата кандидати за време на иницијативата.
Од граѓанската иницијатива „На Мегдан“ се надеваме дека и Гордана Сиљановска ќе најде време да дојде#НаМегдан пред почетокот на предизболниот молк, бидејќи граѓаните заслужуваат да ги знаат ставовите на својот Претседател по прашањата од суштинско значење за државата.
„Треба редовно да ги стануваме луѓето кои сакаат или веќе седат во фотељи и канцеларии… политиката не е и не треба да биде удобна работа.“ – констатира Јасмина Голубовска, една од поддржувачките на граѓанската иницијатива.
