Mу се заканува ли на ВМРО-ДПМНЕ постепено „гаснење“ како политичка партија доколку продолжи со практикување на анти-европски политики? За тезата дека новото раководство е поставено за да ги спаси од евентуална кривична одговорност поранешните први луѓе на оваа партија, а како влог се става Македонија и нејзината евро-атлантска иднина.
Има ли земјава алтернатива доколку ја одбие подадената рака од САД. За Преспанскиот договор, за монтираните судски процеси како и за влијанието на инкриминирани структури од поранешното раководство на сегашните раководни функции во МВР – На овие и слични теми на дебатата во Отвореното Студио 1, гостин на уредникот на денот Јадранка Костова и уредничката Гордана Дувњак, беше поранешниот директор на УБК Слободан Богоевски.
