(ВИДЕО) СЈО: Се злоупотребува процедурата кога осомничените со месеци бараат да вршат увид во докази

Осомничените во предметите на Специјалното јавно обвинителство и нивната одбрана, која најчесто е Никола Додевски, адвокатот кој се јавува во сите случаи, ги злоупотребуваат своите права кога со месеци бараат да вршат увид во доказите, тврди обвинителката од СЈО Ленче Ристоска.

Како пример посочи осомничен кој доказите ги има добиено во електронска форма, а ќе му требало време до Нова година за да ги разгледува.

„Нашите осомниени лица речиси без исклучок дојдоа во СЈО и дадоа изјава дека бараат увид во доказите. Увид вршат повеќе од месец дена. Доказите им се дадени и електронски на ЦД, а имаме и еден допис со кој што не известуваат дека на едно осомничено лице му треба време до Нова година за да го заврши увидот во доказите на ЦД даден дома. Значи очигледно е дека во овој случај одбраната ја одолговлечува кривичната постапка, го одолговлечува моментот на испитување на осомничените лица пред јавнот обвинител се со цел да оневозможи во рамки на законските рокови да бидат поднесени односно донесени соодветни јавно обвинителски одлуки без да прејудицираме за исходот на одлуката“, рече Ристоска.

Токму бизнисменот Сеад Кочан, кој е првооосмничен во предметот „Труст“ и вчера требаше да даде исказ пред специјалните јавни обвинители побарал дополнително време за да изврши увид во доказите. Распитот беше одложен на неопределено време.

СЈО го гази рокот од 18 месеци за покренување на обвиненија, а според Законот за кривична постапка јавниот обвинител мора да го испита осомничениот пред завршување на истрагата. Ристоска потенцира дека увидот е право на осомничените и на одбраната, но од друга страна не смее да се дозволи тие да ги злоупотребуваат своите овластувања.

Покрај Кочан, во минатото при покани за исказ во СЈО увид во доказите барале и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, екс началникот на УБК, Сашо Мијалков како и други осомничени во предметите на СЈО.

Извор: ТВ24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e