Катица Јанева ноќта ја помина во истражниот затвор во Шуто Оризари, од управата велат дека таа не е сместена во хашкото одделение, туку во посебен оддел, за да нема контакт со другите осомничени лица од случајот „Рекет“.
Директорот на затворот Есад Рахиќ вели дека тоа е стандардна процедура и додава дека Јанева била и на преглед, а здравствената состојба и е добра.
Јанева утринава со полициска придружба беше превезена до Гевгелија, на погребот на нејзината мајка која почина во текот на вчерашниот ден. По 20 минути поминати во капела во Гевгелија, повторно е вратена во затворот во Шуто Оризари бидејќи и се слошило.
Еве што изјави Бојан Јовановски исто така приведен за случајот „Рекет“ за Јанева пред неколку години.