Во вчерашното издание на дебатната емисија “Клик Плус” на ТВ 21 се дебатираше за финансирањето на партиите и изборите.
Гости беа: Петре Шилегов, пратеник и портпарол на СДСМ, Јадранка Костова, новинар и главен и одговорен уредник на неделникот Фокус и адвокатот и член на високите органи на Обединети за Македонија, Константин Кратовалиев.
Водителката на емисијата потенцираше дека покана за учество на дебатата упатиле и до Вмро-Дпмне, но од таму добиле одговор дека нема да испратат нивен претставник.