(ВИДЕО) Се потврдија како точни тврдењата на Николовски од пред две години за криминал во МЗШВ

Незаконски се склучувале договори за закуп на државно земјоделско земјиште, вакви тврдења уште пред да стане министер даваше сегашниот прв човек во земјоделство, Љупчо Николовски.

Во времето кога беше дополнителен заменик министер обелодени дека државно земјоделско земјиште во минатите години, добивале актуелни функционери, пратеници, сопственици на телевизии, водители, шефови на кабинети на дел од поранешни функционери.

Кога застана на челната позиција Николовски, со внатрешни ревизори го чешлаа начинот на кој се доделувало земјиштето.

Ова е само првиот пресек од ревизијата на договорите, која заврши вчера. Први на удар беа последните склучени договори од 2016тата година, а се проверуваа договорите за изминатите 11 години.

-За голем дел имам давано изјави, а за ниту еден случај никој нема покренато постапка против мене, што ја потврдува вистината за она што го зборувам. Кога велам имаме соодветни индиции, ќе се фокусираме да бидат разгледани буквално сите договори за кои зборуваме постојано истакна Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство (14.09.2017).

Освен ревизијата за доделувањето на државното земјиште, делегација на ЕУ и експерти од Светска банка, на тимови од министерството им помагаа да ги откријат и неправилностите околу делењето и начинот на добивање земјоделски субвенции.

Низ годините  земјоделците гласно зборуваа дека земјата завршува во рацете на луѓе кои не се разбираат со земјоделие, а вистинските земјоделци не можат да стигнат до парче земја.

Инаку од оваа гранка егзистираат 170 илјади семејства.

Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e