(ВИДЕО) Репортажа за викенд-вакцинацијата на регионот во Србија: Белградскиот саем – екс Југославија во мало

Според проценките, околу 10 000 граѓани од С. Македонија се вакцинираа во саботата и неделата во соседна Србија против ковид-19. Во Белград и во Ниш масовно пристигнуваа и граѓани од БиХ, Хрватска, Црна Гора, искористувајќи ја можноста да се вакцинираат со „Астра Зенека“.
Во 1972 година тогашна Југославија се соочи со епидемија на вариола вера. Се носеа одлуки за ограничување на движењето, карантин, а подоцна и за задолжителна вакцинација.

„Првата фаза на битката за масовна вакцинација е во тек. Колони пристигнуваат на местата за вакцинација, кои се формираат по потреба во здравствените домови, институциите, училиштата, во градовите и селата“, известуваа тогаш медиумите.

49 години подоцна – речиси идентични сцени во Белград. Луѓе од различни краишта на некогашната федерација чекаат во ред за да примат вакцина, овој пат против ковид-19.

„Од поранешна Југославија, има од Романија, дури и од Германија“, изјави еден човек од Белград.
„Се уште нема вакцини, овде се пружи прилика, така што гледаме да искориситиме, одговори скопјанец кој утредента пристигнал во Белград.
„360 степени“ од терен изворно ги пренесува сликата, но и личното искуство по одлуката на Србија да се отвори за вакцинација на заинтересирани од соседните земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e