Македонија се уште се наоѓа под влијание на големите сили, а исходот од тоа е договорот за добрососедство со Бугарија, но и дипломатскиот скандал со Србија. Реакциите на Србија на адреса на Македонија а во врска со Косово се поддржани од Русија, но таа полека ги губи своите позиции на Балканот. Македонија пак е чекор поблиску до НАТО и ЕУ и во склад со тоа мора да ги води и своите надворешни политики, вели во интервјуто за ТВ 24 аналитичарот, Исмет Рамадани.