Австрискиот канцелар Себастијан Курц е во посета на Македонија, и се сретна со премиерот на нашата земја Зоран Заев. Веднаш после средбата беше одржана и прес конференција на која ги истакнаа своите ставови од средбата.
– Срдечно Ви се забладораувам на поканата да бидам гостин во вашата земја. Австрија е голем пријател на Македонија. А како претседавач на Австрија со Европската Унија, можам да кажам дека Унијата ќе биде комплетна кога во неа ќе биде интегриран и западниот Балкан. Најпрво сакам да го поздравам договорот со Грција, и би сакал да ги поканам граѓаните на Македонија да учествуваат на референдумот и да се изјаснат за решавање на спорот со името и за европската перспектива на земјата – , истакна Курц.
Заев повторно потенцираше дека верува во успешноста на референдумот и дека посетата на високи државници деновиве на Македонија, јасно кажува дека Македонија е добродојдена во Европската Унија.
– Посетата на господинот Курц ни дава до знаење дека сме на вистинскиот европски пат. Светот го препозна отвореното чувство на отпимизам. Сигурен сум дека зад поканата за членство во Европската Унија стои и австриското претседателство со Унијата. На крајот дозволете ми да ја изразам благодарноста што Австрија ја вбројуваме во најзначајните економски партнери – , рече премиерот Заев по средбата со австрискиот канцелар.