(ВИДЕО) После долги години ред во сообраќајот од Центар, Бит пазар, Пластичарска до Бутел

После долги години ред во сообраќајот од Центар, Бит пазар, Пластичарска до Бутел.

Граѓаните од Чаир, Бит Пазар, Чаирчанка и Пластичарска улица со позитивна реакција кон акцијата на МВР во тој регион на Скопје.

Инаку во текот на вчерашниот ден за да одите од Центар кон Радишани потребно време ви треба само 7 мин, во спротивно беше временски период од 45 мин.

Во текот на вчерашниот ден и денес (23/24), до 14 часот, на подрачјето на главниот град од страна на полициски службеници при СВР Скопје, беа реализирани засилени сообраќајни контроли во поглед на непрописното паркирање, при што осебно беа контролирани сообраќајници и локации каде што е констатирано зачестено непрописно паркирање, како булеварот “Партизански Одреди“ кај пазарот “Буњаковец“ и кај “Сити Мол“, потоа Бит Пазар и други.

За време на контролите беа издадени 329 мандатни платни налози по основ на непрописно паркирање, а со возило “пајак“ беа подигнати 105 возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e