(ВИДЕО) Полицискиот час го прекршиле 46 лица, изречени 611 санкции за неносење маска

Министерството за внатрешни работи информира дека од синоќа, 20.00 часот, до утринава, 05.00 часот, 46 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 611 прекршоци, соопштуваат од МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e