Уплашени од поразот ВМРО-ДПМНЕ поткупуваат гласачи, институциите да го санкционираат секое незаконско постапување, изјави на денешната прес-конференција Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.
„Во изборен молк, денеска, се фатени живи во изборен поткуп во општина Ѓорче Петров.
Исто вака ВМРО ДПМНЕ беа фатени во поткуп и во Македонска Каменица и Кочани за што веќе има постапки од страна на надлежните институции.
Им паднаа во вода изјавите дека граѓаните бараат промени. Ако бараат, зошто потребата да ги поткупувате и да вршите притисок врз нив“, посочи Петровска.
Петровска потенцираше дека нема да успее обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ги украде изборите и да ја фалсификува волјата на граѓаните.