Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ смета дека независно од успешноста на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање 10.000 потписи за оспорување на Законот за попис, нема реална можност да го спречи спроведувањето на истиот.
-Собирањето на потписите треба да се истера како процедура до крај. Пописот не може да биде спречен без донесување на легален правен акт кој ќе го спречи односно ќе го одложи или ќе го укине овој Закон. До овој момент и се додека трае и е во сила Законот кој вчера беше изгласан, пописот ќе биде спроведен. За да се поништи овој закон треба правен акт со кој се поништува Законот за попис за да може да се спречи одржувањето на пописот. Формално правно да, меѓутоа затоа реков целата процедура да се истера. Само собирањето на потписи само по себе не значи ставање вон сила на овој Закон, вели Петровска.