Јавноста е запознаена дека Управата за финансиска полиција има отворено предистрага за нелегално финансирање на политичка партија, изјави на денешната прес-конференција Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.
„Станува збор за голем скандал.
Според јавно објавените информации преку препродажба на ниви по десеткратно повисока цена обезбедени се милионски средства, на нелегален, криминален начин.
Постои основано сомневање дека на крајот овие црни пари завршиле во белиот дворец.
Едно од лицата кај кои е вршен претрес во предистражната постапка е и таткото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ширење лажни вести и невистини за наводни притисоци кон пратеникот беше всушност одбрана на криминал“, истакна Петровска.
„Јавно прашаме дали во овој скандал на нелегално финансирање се вмешани лица блиски до Христијан Мицкоски?
Дали меѓу тие лица се и членови на обезбедувањето на Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ?
Очекуваме одговори и од Мицкоски: каква е неговата поврзаност со овој скандал?
Во меѓувреме, истрагата на Управата за финансиска полиција и другите надлежни инситуции треба да ги даде сите одговри.
За секој за кого ќе утврди одговорност за овој случај, мора да следува соодветна одговорност согласно законите“, посочи Петровска.