(ВИДЕО) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта, издадена една недела по 27 април

Од вистината нема бегање. Веќе објавивме дека во 2011 година Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение“, изјави на денешната прес-конференција Славјанка Петровска од редовите СДСМ.

„Денеска пред јавноста објавуваме уште еден документ.

Ова почитувани граѓани е личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти.

Бугарско државјанство, бугарска лична карта на Арсовска. Со номер, со дата на раждане, потпис, со адреса во градот Петрич која патем се уште е важечка.

Оваа лична карта на Арсовска е издадена на петти мај 2017 година.

Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието“, истакна Петровска.

„Г-ѓа Арсовска, со каква намера и цел, ја подигнавте бугарската лична карта само неколку денови откако пропадна обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта.
„Арсовска може да се крие зад партиски соопштенија, а притоа да тврди дека е независна, но од вистината бегање нема.

Ништо не може да го сокрие фактот дека таа освен што е конзул на Унгарија, освен што е потврдена инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта.

Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје.

Не проаѓа во Скопје странска инсталација која работи против интересите на граѓаните.

Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет.

Во недела на 31 октомври да се обединиме и да не дозволиме странски инсталации поврзани со минатото, да добијат можност да го уништуваат Скопје”, посочи Петровска.
Документ-2-1536x1119Документ-3-1536x1120Документ-1-scaled

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e