Од аналитичкиот центар на Сител информираат дека има значителна зголемена излезност на гласачите во споредба со првиот круг.
На ниво на цела држава до 9 часот излезноста е 5,13% во споредба со првиот круг кога била 3,64%.
Во Битола излегле скоро дупло повеќе гласачи во споредба со првиот круг, повеќе од дупла излезност има и во Кочани каде во првиот круг излегле 3,45% а денес дури 7,15%. Зголемена излезност има во многу општини како Ранковце, Гостивар, Куманово, Кичево, Охрид, Радовиш, Тетово и други.
Во Град Скопје, ако во првиот круг до 9 часот излегле 3,34%, во вториот круг оваа бројка пораснала на 5,10%.
Ова значи дека во вториот круг граѓаните излегуваат масовно на гласачките места и го остваруваат своето право на глас.