Во недела, 22 април, во 21 часот, стартува нова емисија на 1ТВ, „Печат на неделата“ со Сашо Орданоски.
-Секоја седмица остава печат врз општествено-политичките случувања во земјава. Пред да заврши неделата, добро е да се осврнеме на тоа што се случувало во изминатите седум дена, низ разговори со моите гости, вели авторот на емисијата Сашо Орданоски, новинар и аналитичар.