(ВИДЕО) Обвиненија за поранешните функционери кои се луксузираа со службените картички?

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција наскоро ќе го комплетира доказниот материјал што го собира од институциите за службените картички со кои се луксузирале поранешните функционери, објави ТВ24.

По допрен глас, Обвинителството има отворено предистражна постапка за неколу случаи за кои медиумите објавија дека поранешни министери, заменици и државни секретари се честеле со луксузни вечери, купувале храна и продукти од супермаркети за дома, но и

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство активно работи на утврдување на предметот за кој покажувате интерес. Се очекува комплетирање на побараниот доказен материјал, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.“ – велат од ОЈО.

Од Јавното обвинителство велат дека, со оглед на тоа што се работи за предистражна постапка, согласно одредбите од член 289 од Законот за кривична постапка, сите дејствија што се преземаат во предистражната постапка се сметаат за тајна и во оваа фаза не можат да бидат споделени со јавноста.

Од банкарските извештаи на службените картички беше објавено дека дел од парите не биле трошени за репрезентација, туку за лични потреби на поединци. Освен тоа, в очи паѓа и податокот дека постојано се повторуваат едни исти ресторани каде што се јадело и пиело, што остава сомнеж дека е можно раководните лица од министерствата со дел угостителските објекти да имаат премолчени договори за фиктивни трошоци – пари кои потоа можат да се извадат во кеш.

Во јавноста беа актуелни трошењата во скапи бутици и спа центри на поранешниот министер и неговиот заменик во земјодлество Михил Цветков и Ванчо Костадиновски, како и ек министерот Диме Спасов, кој освен од министерството за труд имал картичка за трошење на име на возач и од Агенцијата за вработување, но Спасов врати дел од тие пари.

Се објавија и сметки за трошеањата на министрите и други службеници во министерствата за внатерешни и надвореншни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e