Видео обраќање на Шилегов: 31 октомври, драги скопјанки и скопјани, е денот кога вие одлучувате каков ќе биде нашиот град следните четири години

Актуелниот градоначалник и кандидат за уште еден мандат Петре Шилегов со видеопорака се обрати на граѓаните на Скопје, масовно да излезат на гласање во недела, на 31 октомври.

„31 октомври, драги скопјанки и скопјани, е денот кога вие одлучувате каков ќе биде нашиот град следните четири години. Вие одлучувате дали заедно ќе продолжиме по патот кој јасно го зацртавме, патот на развојот, демократијата, сигурноста, стабилноста и вистинските приоритети или ќе се вратиме во времето на митови, лаги, страв, закани, криење од јавноста и злоупотреби на градот за приватни цели. Скопје за четири години доживеа целосна промена и тргна во правилна насока. Тоа е она што го нудам во следниот мандат, да го завршиме започнатото и да изградиме европски и чист град со модерен јавен транспорт и квалитетна инфраструктура. Од другата страна се понудија многу празни зборови, но уште поопасно, многу лаги. Лагите и криењето од вас граѓаните не смеат да бидат составен дел политичката култура во Скопје. Бегањето од јавноста, бегањето од дебата и криење на вистината е нешто што сите ние заедно го искоренивме во 2017 година. Криењето на вистината е страв од сопствените граѓани. За жал, тоа деновиве повторно го гледаме во режија на ВМРО ДПМНЕ и нивната кандидатка“, вели градоначалникот Шилегов во своето обраќање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e