(ВИДЕО) Николовски: Законите мора да се почитуваат, никој не смее да се поставува над законот

Инситутциите постапуваат, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски при денешниот увид во активностите на надлежните инспекторати на терен во скопско Коњаре.

„Законите мора да се почитуваат, никој не смее да се поставува над законот. Mора да има ред и дисциплина, особено кога се работи за нешто што влијае врз загрозување на животната средина. Тоа се рефлектира и врз здравјето и сигурноста на граѓаните.
Оваа порака ја упатив денеска при увид во активностите на надлежните инспекторати на терен, во скопско Коњаре, кои преземаат мерки во врска со случајот со ископ на песок и чакал.
Заштитата на животната средина и условите за живот во секој регион од нашата држава е врвен приоритет на Владата“, нагласи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e