(ВИДЕО) Николовски: Според ФАО сме лидер во регионот во спроведувањето на сложени структурни земјишни реформи

30 години се зборува и ветува. Сега е време кога ветувањата се реализираат.
✅Денес конечно имаме резултати на терен, а според ФАО сме и лидер во регионот во спроведувањето на овие сложени структурни земјишни реформи.
Погледнете го видеото на официјалниот канал на #FAO за да се уверите.👇
✅Окрупнувањето на земјиштето на 214 сопственици и изградбата на инфраструктурата во Егри (Битола) е одличен пример за успешна консолидација на земјиште во меѓународни рамки.
✅Со измените на законот за консолидација што ги направивме во 2018 година го забрзавме спроведувањето на програмата и постапките за консолидација на земјиштето поддржано преку проектот MAИНЛАНД финансиран од Европската унија и ФАО.
✅Егри е првиот успешно завршен проект за консолидација каде бројот на парцели се намали за скоро четири пати – од 874 парцели на 260. Вкупно 214 сопственици на земјиште сега имаат покрупни парцели со правилна форма што овозможува поефикасни земјоделски практики и модернизација на производството.
✅Егри е модел за тековната имплементација на консолидација во 7 други од вкупно 14 подрачја каде работиме на окрупнување на земјиште на над 2500 сопственици.
✅Планот за распределба на земјиштето неодамна се усвои во Дабјани (Општина Долнени), а на 25 февруари се очекува да се усвои и во Трн (Општина Битола), со што и овие две подрачја ќе бидат на истиот пат како Егри.
✅Ja подобруваме продуктивноста, конкурентноста и ефикасноста на земјоделското производство, како и условите за живот и работа во руралните средини.
ФБ статус на Љупчо Николовски, министер за земјоделие, шумарство и водостопанство

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e